Манчестер јунајтед им кажа не на Дибала и Реал Мадрид

Последните три дена од преодниот рок во Англија ќе бидат особено жешки и долги за Манчестер јунајтед. Клубот не знае што ќе прави со Ромелу Лукаку и Пол Погба кои сакаат да си одат, и се бараат разни алтернативни решенија.

Јунајтед беше расположен за трампа со Јувентус, со тоа што Лукаку би заминал во Јуве, а „црвен ѓавол“ би станал Пауло Дибала. Но, барањата на Аргентинецот околу висината на платата се неприфатливи за клубот од „Олд Трафорд“, и преговорите беа прекинати.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер тврди дека Погба ќе остане во Манчестер и следната сезона, но истовремено клубот е во потера по Сергеј Милинковиќ Савиќ и Бруно Фернандес, кои ако ги ангажираат, полесно би се откажале од Погба за кој бараат минимум 170 милиони евра. Дека не се шегуваат, потврдува и фактот дека од Реал Мадрид била одбиена понуда од 30 милиони плус Хамес Родригес.

- Оглас -

Најнови вести