Манчестер јунајтед има голема желба, тргнува по потписот на левиот бек на Барселона

Манчестер јунајтед тргнува по потписот на левиот бек на Барселона, Алехандро Балде. Дваесет и едногодишниот фудбалер потекнува од академијата на Каталонците, а во моментов вреди 50 милиони евра.

Сепак, сумата која ја нудат Црвените ѓаволи е помала од оваа и изнесува 40 милиони евра. Каталонците веројатно и за повисока цена не би се откажале од Балде, но целта на првата понуда на Манчестер јунајтед веројатно е да се провери пулсот на раководството на Барселона за евентуалната продажба на младиот фудбалер.

Балде оваа сезона собра 31 настап за Барселона, постигна еден гол и имаше четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести