-2.2 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Манчестер јунајтед има големи планови, тргнува по Кол Палмер од Челзи

Раководството на Манчестер јунајтед крои големи планови за иднината, а еден од нив е и купување на Кол Палмер од Челзи. Можеби звучи неверојатно, но „црвени ѓаволи“ ќе се обидат да дојдат до потписот на ѕвездата на „сините“.

Според медиумите на Островот, Манчестер јунајтед веќе се распрашувал дали офанзивецот е подготвен да го напушти „Стемфорд Бриџ“ и добиле позитивен одговор, но англискиот репрезентативец има договор со Челзи до 2033 година, а неговата вредност во моментов се проценува на 120 милиони евра.

Иако ваквиот трансфер во моментов звучи како (не)возможна мисија, сепак, доколку Челзи се одлучи да го продаде, тоа сигурно ќе биде за многу повисока цена од неговата моментална вредност.

Палмер пристигна на „Стемфорд Бриџ“ пред две ипол години од Манчестер сити за сума од 47 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести