Белгискиот голман Сен Ламенс е ново засилување на Манчестер јунајтед. Трансферот е вреден 21 милион евра плус бонуси, а Ламенс уште денеска треба да слета во Манчестер за медицински прегледи и потпис на договорот.
Останува да се види дали стратегот Рубен Аморим веднаш ќе му довери место меѓу стативите или прво ќе му даде време за адаптација.
Со оваа аквизиција, иднината на Андре Онана изгледа завршена. Камерунецот повторно имаше разочарувачки настап во Купот, каде што Јунајтед неочекувано испадна од четвртолигашот Гримзби.
Исто така, со потпишувањето на Ламенс дефинитивно пропаѓа можноста Емилијано Мартинес да му се приклучи на клубот од „Олд Трафорд“, иако во последните часови се споменуваше како потенцијално засилување.