Манчестер јунајтед има осум победи по ред, а едвај 16 отсто типуваат дека ќе слави утре!

Манчестер јунајтед е единствениот тим од фаворитите во Англија кој остана во трка за трофеите во Лига и ФА купот, а секако не треба да се отпише и од борбата за трофејот во Премиер лигата. Сепак, за да покаже дека има шампионски амбиции во Премиер лигата, Црвените ѓаволи ќе треба да покажат утре, кога на „Олд Трафорд“ го пречекуваат градскиот ривал Манчестер сити.

Тимот на Ерик тен Хаг има одлична низа од осум победи по ред во сите натпреварувања, но според предвидувањата на над 1.500 прогнозери, мали се шансите оваа добра низа да продолжи утре. Едвај 16 отсто очекуваат победа на Јунајтед, додека речиси 65 отсто типуваат дека ќе биде „двојка“ на ова дерби.

Од понудените 13 мечеви во ова коло на Спортска прогноза, најсигурни „кецови“ треба да бидат победата на Рома против Фиорентина (дури 85 отсто играле на кец), како и триумф на Бенфика во градското дерби на Лисабон против Спортинг. Над 80 отсто очекуваат победа на домаќините.

За повозбудливо следење на резултатите од Спортска прогноза, Sport Life нуди одлични подароци. За погодени 13 типови, одлично перфектно одиграна прогноза, следува подарок. Добитниот на среќна 13-ка ќе може да си одбере дали ќе добие: Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет или X Box Series X.

Подароци има и за оние со еден или два промашени пара. За 12-ка следува ваучер од Sport Life во износ од 1.000 денари, додека за 11-ка тој ваучер изнесува 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести