24.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Ќе има лесни победи на Манчестер јунајтед, Интер и Бенфика

1037 Бредфорд – Рочдејл (20:45 ч.)

Според досега прикажаното во Лига два во Англија (четврта лига), Бредфорд е голем фаворит за победа. Домаќинот во 23 кола освои 39 бодови, а Рочдејл во 24 кола освои само 17 бодови.

Рочдејл, кој во последните 13 меча има дури девет порази и само една победа, ја има четвртата најслаба одбрана во лигата, што е дополнителен мотив за Бредфорд да стигне до трите бода.

Предлог тип: 1-1 (2.70)

 

3040 Интер – Парма (21 ч.)

Интер е апсолутен фаворит во овој меч од Купот на Италија. Парма минатата сезона испадна од Серија А, а ако се погледнат резултатите на последните пет меѓусебни дуели, Интер секогаш дава по два гола и има три победи, а двапати било нерешено (2:2).

Парма и во Серија Б не е најубедлива и тешко дека ќе може да се надева за враќање во елитата. Интер треба да помине во четвртфиналето на Купот во меч на кој ќе има погодоци.

Предлог тип 1&2-4 (1.91)

 

1092 Манчестер јунајтед – Чарлтон (21 ч.)

Манчестер јунајтед игра одлично и има седум победи во низа во сите натпреварувања. Третолигашот Чарлтон веќе направи едно чудо во Лига купот откако во претходното коло го елиминира Брајтон на пенали.

Сепак, сега Чарлтон гостува на „Олд Трафорд“, каде што последен пат играл во 2007 година, кога загуби 2:0. Манчестер има 10 победи по ред во дуелите со Чарлтон и оваа низа треба да продолжи.

Предлог тип: 4+ (1.73)

 

2837 Спарта Ротердам – ПСВ Ајндховен (21 ч.)

Втор меч на овие два тима само за три дена. На 7 јануари Спарта дома одигра без голови против фаворитот во меч од првенството, а сега е дуел од Купот на Холандија.

ПСВ има седум победи и две ремија во последните девет средби против Спарта, а пет пати било ГГ3+. Иако пред три дена немаше погодоци, сега се очекуваат многу повеќе возбудувања и погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.55)

 

2867 Варзим – Бенфика (21:45 ч.)

Бенфика ја тресат скандали, но португалскиот гигант треба да покаже дека на теренот е силен и дека атакува на освојување трофеи. Варзим е тим од третата лига и реално нема големи шанси да помине во следната фаза.

Интересно е дека последниот дуел на овие два тима е во февруари 2007 година, а Варзим славел со 2:1. Сите пет средби на овие два клуба завршиле со многу голови и биле ГГ3+.

Предлог тип: Т2 3+ (1.88)

- Оглас -

Најнови вести