31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Манчестер јунајтед ја активира клаузулата за ѕвездата на Наполи

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед го договори првото големо засилување за следната сезона и кое треба да биде замена за капитенот Хари Мегваер, тоа е дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-јае.

Весникот „Ил Матино“ пишува дека двата тима го договорија трансферот вреден 60 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула за дефанзивецот кој во Јунајтед ќе заработува 173.000 фунти неделно.

Ким Мин-јае беше еден од клучните фудбалери на Наполи во освојувањето на титулата во Серија А и беше голема желба на менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг.
Репрезентативецот на Јужна Кореја во Наполи пристигна минатото лето од Фенербахче за 18 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести