25.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Манчестер јунајтед ја одреди сумата за Маркус Рашфорд

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед ја утврди цената за Маркус Рашфорд. Клубот бара 48 милиони евра за својот напаѓач, пренесува шпанскиот весник „АС“.

Иако Рашфорд не се вклопува во плановите на новиот менаџер Рубен Аморим, раководството на Црвените ѓаволи не е подготвено да го продаде за сума пониска од оваа.

Барселона, која се повлече од преговорите за Нико Вилијамс, а се соочува со застој во разговорите со Ливерпул за Луис Дијас, сега сериозно размислува за ангажман на Рашфорд. Тренерот на каталонскиот гигант, Ханси Флик, веќе го одобрил неговото доведување.

Од своја страна, Рашфорд е позитивно расположен за трансфер во Барселона и веќе им дал до знаење на другите заинтересирани клубови дека е подготвен да ја почека понудата од шпанскиот шампион.

- Оглас -

Најнови вести