Раководството на Ал-Хилал му нуди на Манчестер јунајтед 115 милиони евра за Бруно Фернандеш, а на фудбалерот плата од речиси еден милиони евра на неделно ниво. Сепак, овој трансфер и воопшто не беше планиран да се случи летово, туку следното, но ситуацијата може комплетно да се промени.
Актуелниот шампион на Саудиска Арабија, Ал-Итихад, најавува дека ќе испрати понуда до Манчестер јунајтед која ќе биде „земи или остави“. Преодниот рок во Саудиска Арабија трае до 10 септември и дотогаш се очекува да биде испратена понудата, која се најавува дека ќе биде многу поповолна од онаа на Ал-Хилал.
Ваквите најави само ги зголемуваат шансите Манчестер јунајтед да остане без својот капитен уште ова лето, а тоа сигурно ќе биде голем удар за екипата која по лошата мината сезона во Премиер лигата, оваа ја започна само со бод од првите два меча.