Манчестер јунајтед ќе добие нов стадион откако сопственикот на клубот, Сер Џим Ретклиф, веќе започна да формира работна група која ќе треба да го изработи проектот за новиот дом на Црвените ѓаволи.
Новиот стадион ќе има капацитет за 100.000 гледачи, а неговата изградба ќе чини фантастични две милијарди евра. Останува непознато дали легендарниот „Олд Трафорд“ ќе биде срушен и на негово место ќе се гради нов или пак ќе се бира нова локација.
„Олд Трафорд“ е изграден во 1910 година, но со текот на времето е доградуван и реновиран, па сега има капацитет за 74.310 гледачи и е втор најголем стадион во Англија по „Вембли“. Сепак, стадионот е во лоша кондиција и веќе е тешко да се одржува толку стар објект, па токму затоа и американските сопственици на клубот сакаат да изградат ново, модерно здание за клубот.