32.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Манчестер јунајтед ќе го награди тренерот со нов договор

Управата на Манчестер јунајтед планира да го напради менаџерот Ерик тен Хаг со нов договор.

Тен Хаг минатото лето седна на клупата на Црвените ѓаволи и во првата сезона успеа да освои еден трофеј (Лига Купот) и да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Според „Дејли стар“, на Тен Хаг ќе му биде понуден нов двегодишен договор со поголема плата. Со актуелниот договор, Холанѓанецот заработува девет милиони фунти годишни, а со новиот ќе има годишна плата од 14 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести