Манчестер јунајтед ќе го освои првиот трофеј сезонава, ПСЖ со 50 отсто шанси да победи, а Челзи не е фаворит

Мечевите од 20-тото коло на Спортска прогноза нудат неколку интересни дерби-дуели, за кои прогнозерите веќе оформија доминантно мислење. Манчестер јунајтед на „Вембли“ игра против Њукасл во финалето на Лига купот, а речиси 80 отсто веруваат дека Црвените ѓаволи уште во регуларните 90 минути ќе се радуваат. На Њукасл му се даваат едвај 5 отсто шанси за триумф, но кога е финале, сите опции се можни.

Во дербито на Премиер лигата, Тотенхем е домаќин на Челзи, а речиси 50 отсто очекуваат „кец“. Едвај една четвртина од прогнозерите даваат шанси за три бода на Челзи.

Дерби има и во Франција. Олимпик Марсеј го пречекува Пари Сен Жермен, а тука ситуацијата е интересна. Точно половина од над 1.000 прогнозери веруваат дека Светците ќе победат, а останатите 50 отсто се речиси подеднакво распределени за триумф на Марсеј и реми.

Освен овие три средби, во понудата има уште 10 натпревари на кои важно е да се погоди фиксот на крајот. Мисијата за секој прогнозер е да се обиде да стигне до Среќна 13-ка, односно перфектни 13 прогнози за да може да одбере една од главните премии кои ги нуди Sport Life, а тоа се Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X.

За 12 погодени се добива ваучер од 1.000 денари, а со 11-ка ваучерот е 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести