Фудбалерите на Манчестер jунајтед продолжуваат со својата одбрана на трофејот во ФА Купот, а во четвртата рунда ќе се соочат со Лестер, кој сега го предводи поранешниот голгетер и привремен менаџер на Црвените ѓаволи, Руд ван Нистелрој. Ова беше одредено со ждрепката, која ги комплетираше сите двојки за следната фаза.
Тимот на Рубен Аморим, актуелниот менаџер на Јунајтед, доби посилен противник споредено со нивните конкуренти, кои ќе се соочат со далеку полесни ривали на патот кон осминафиналето.
Манчестер сити, финалист од минатата сезона, ќе игра против победникот од дуелот меѓу Лејтон Ориент и Дерби Каунти.
Ливерпул ќе патува во Плимут, каде ќе се соочи со тимот што до неодамна го водеше Вејн Руни.
Челзи ќе биде гостин кај Брајтон, во натпревар кој ветува неизвесност.
Во Бирмингем се очекува вистински празник на фудбалот, каде што домаќинот ќе го пречека тимот на Њукасл.
Најинтересна секако ќе биде пресметката меѓу Астон Вила и Тотенхем. Дополнително внимание ќе привлече и дуелот помеѓу Евертон и Борнмут.