Манчестер јунајтед има страшна перспектива, потпиша долгорочен договор со Ханибал

Ханибал Мејбри потпиша долгорочен договор со Манчестер јунајтед и ќе чека шанса наскоро и да дебитира за првот тим на најтрофејниот англиски клуб.

Црвените ѓаволи го купија Мејбри од Монако во 2019 година, а 18-годишниот играч за врска играше за младиот тим на Манчестер јунајтед за играчи до 23 години во Развојната лига на Англија.

Оле Гунар Солскјер најави дека ќе му даде шанса сезонава на Мејбри, но тој се повреди и дебито беше пролонгирано, но може да се случи до крајот на сезоната.

За младиот тим на Манчестер јунајтед, Ханибал игра одлично сезонава и постигна 4 гола досега, а има и 7 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести