Норвешкиот крал Харалд Петти ќе биде специјален гостин на големото англиско дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул што ќе се игра на „Олд Трафорд“ во недела, од 17.30 часот.
Дуелот на двете најтрофејни екипи во Англија привлекува огромно внимание, па сега ќе има и дополнителен шарм со присуството на 82-годишниот норвешки крал.
Харалд Петти доаѓа на „Олд Трафорд“ на покана на тренерот на Црвените ѓаволи и негов сонародник Оле Гунар Солскјер.
Интересно е што кралот не навива ниту за Манчестер јунајтед, ниту за Ливерпул, туку за Тотенхем. Студентските денови ги минал во Лондон и оттогаш се родила љубовта кон клубот од Северен Лондон.
Сепак, сега како што изјави, ќе навива за својот сонародник Солскјер, а по завршување на дербито, најави и средба со него.