Менаџерот на Манчестер jунајтед, Рубен Аморим, дал зелено светло за ангажман на Доминик Калверт-Луин, кој моментално е слободен агент по истекот на договорот со Евертон.
Англичанецот, кој во периодот 2019–2021 важеше за еден од најперспективните напаѓачи во Премиер лигата, сега има шанса за големо враќање на највисоко ниво преку Јунајтед. Клубот од „Олд Трафорд“ сака да го донесе без да плати обештетување, што претставува финансиски атрактивна зделка.
Претходно, Манчестер јунајтед веќе се засили во нападот со Матеус Куња од Вулверхемптон за повеќе од 70 милиони евра, но истовремено ги стави на продажба Хојлунд, Рашфорд, Гарначо, Санчо и Ентони, што укажува на сериозен ремонт во офанзивата.
И покрај серијата повреди кои го забавија развојот на Калверт-Луин во последните сезони, Аморим верува дека тој може да биде вредно засилување, особено поради неговата завршница и физичка доминација во шеснаесетникот.
Клубот подготвува примамлив договор со бонуси врзани за бројот на настапи, што треба да биде стимулативно и за фудбалерот и безбедно за клубот од финансиски аспект.