Манчестер јунајтед едвај чека да ја заврши очајната сезона. „Црвените ѓаволи“ не само што не освоија трофеј, туку не се пласираа ниту во Лигата на шампионите. Дебаклот може да биде уште поголем ако треба да играат квалификации за настап во Лигата на Европа.
За да не се случи да бидат дел од квалификациите во второто по ранг натпреварување на УЕФА, Манчестер јунајтед треба да навива за градскиот ривал Сити во финалето на ФА купот против Ватфорд. Зошто Јунајтед би навивал за Сити?
Доколку Ватфорд го освои ФА купот, тоа ќе значи дека оваа екипа ќе обезбеди директно место во Лигата на Европа, а Манчестер според пласманот во првенството, ќе мора да игра во квалификациите. Ако Сити го крене трофејот, Ватфорд нема да игра во Европа, а „црвените ѓаволи“ директно ќе се пласираат во групната фаза од Лигата на Европа и ќе избегнат една голема бламажа, а тоа е да играат во квалификациите од ова натпреварување.
Финалето на ФА купот се игра на 18 мај, на „Вембли“ во Лондон.