14.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Манчестер јунајтед ќе плати 60 милиони евра за играч кој ја имаше најголемата утка во историјата (Видео)

Манчестер јунајтед ќе плати 61 милион евра за Џошуа Циркзе, но од таа сума, само 26 милиони евра ќе одат за Болоња, актуелниот клуб на Холанѓанецот.

Агентот Кија Јорабчијан ќе добие провизија од 15 милиони евра, Баерн треба да земе 20 милиони, а ќе има и разни бонуси во договорот.

Сепак, во Болоња се задоволни и вака бидејќи Циркзе го купија од Баерн Минхен за 8,5 милиони евра во летото 2022 година. Баварците имаат право на 50 проценти од клаузулата за ослободување која е 40 милиони евра.

Циркзе се очекува утре наутро да ги помине медицинските прегледи со премиерлигашот и потоа да потпише.

По социјалните мрежи се врти една стара снимка од пријателски меч на Баерн со Ајакс, кога Циркзе не успеа да даде гол од 100 процентна прилика. Погледнете ја утката со која Циркзе се има посрамотено пред фудбалскиот свет:

- Оглас -

Најнови вести