26.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Манчестер јунајтед ќе понуди 80 милиони евра за турската ѕвезда на Јувентус

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед покажува сериозен интерес за 19-годишниот турски репрезентативец Кенан Јилдиз, кој моментално игра за Јувентус. Според информациите, Црвените ѓаволи се подготвени да понудат 80 милиони евра за неговиот трансфер.


Јилдиз му се приклучи на Јувентус во 2022 година од академијата на Баерн Минхен и брзо се етаблира како важен играч во тимот. Оваа сезона тој постигна шест гола и забележа четири асистенции во 41 натпревар.


Иако Јувентус го смета Јилдиз за клучен дел од идните планови, клубот би можело да размисли за продажба доколку пристигне понуда од 80 милиони евра.


Претходно и Астон вила покажа интерес за ангажман на младиот турски фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести