Манчестер јунајтед ќе продолжи со победите

3038 Милан – Интер (20.00 часот)

Миланските ривали за пехарот од италијанскиот Супер куп ќе се борат на неутрален терен во Саудиска Арабија. Според резултатите во Серија А од последните мечеви, Интер е во малку подобра форма, па можеби е во мала предност, но Милан со 3-2 го доби последниот меѓусебен дуел кој се играше во септември. Од друга страна, Интер го елиминира Милан на патот кон освојувањето на Италијанскиот куп минатата сезона.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)

 

1661 Андерлехт – Зулте Варегем (20.45 часот)

Андерлехт е дури 12-ти на табелата во белгискиот шампионат, има 10 порази во 20 кола, а Зулте е претпоследен, па домашните важат за фаворити на хартија. Варегем ја има втората најслаба одбрана во лигата и тоа е шанса за противникот, а проблем за Андерлехт е што средбата ќе се игра без публика. Последните осум меѓусебни пресметки на овие два тима завршуваа со 3+ голови, традицијата нека продолжи.

Предлог тип: 1Х & 3+ (1.96)

 

1107 Лидс – Кардиф (20.45 часот)

Ова е повторен меч од 32-финалето на ФА купот откако пред десет дена во Кардиф одиграа нерешено 2-2. Велшаните тогаш водеа со 2-0, беа на прагот на победа, но Лидс се спаси во 93-тата минута и се избори за реванш на свој терен. Сега премиерлигашот е фаворит, а победникот од овој двобој ќе има полесен противник во следната фаза, Акрингтон или Борхам Вуд. Лидс и Кардиф уште од петти ноември немаат победа на официјален меч. Лидс од 2016 година не знае за победа над Кардиф.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.95)

 

1241 Хартс – Абердин (20.45 часот)

Хартс го има првиот стрелец во шкотската Премиер лига, а во редовите на Абердин е нашиот Миовски, кој е трети стрелец. Хартс е трети на табелата, Абердин е петти и има шест бода помалку. Хартс има три победи и реми во последните четири кола, а Абердин по серијата од три порази, освои четири бода во претходните две кола. Во октомври, Абердин дома го победи Хартс, а сега Срцата ќе пробаат да се реваншираат.

Предлог тип: & 2-5 (1.76)

 

1001 Кристал палас – Манчестер ј. (21.00 часот)

Палас во последните пет кола редовно игра мечеви на кои или тој или противникот не даваат гол. Тие се тим кој ретко игра нерешено, а Јунајтед е во топ-форма, има пет лигашки победи по ред и има само бод помалку од второпласираниот Манчестер сити. Во минатата сезона, Кристал палас дома го победи Манчестер со 1-0, а и претходните два меча на „Селхурст парк“ завршуваа со 0-2 гола.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.55)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести