Манчестер јунајтед размислува за сериозна „чистка“ во составот ова лето. Според информациите, клубот е подготвен да се раздели најмалку со осуммина фудбалери за да ослободи финансиски средства за една од главните цели – доведување на играчот од средниот ред на Нотингам форест, Елиот Андресон, чија цена се проценува на околу 100 милиони фунти.
Меѓу фудбалерите кои би требало да бидат продадени се Расмус Хојлунд, Маркус Рашфорд, Мануел Угарте, Џошуа Цикрзе и Андре Онана. Се очекува од трансферите на Хојлунд и Рашфорд клубот да инкасира околу 64 милиони фунти, врз основа на договорите со Наполи и Барселона за нивните позајмици.
Раководството смета и на околу 19 милиони фунти од евентуален трансфер на Онана, кој моментално настапува како позајмен во Трабзонспор. Во исто време, Јунајтед најверојатно ќе претрпи финансиска загуба при разделбата со Угарте и Циркзе, за кои беа платени високи суми.
Покрај планираните продажби, клубот има намера да се раздели и со Малакиа, Санчо и Каземиро, чии договори нема да бидат продолжени. На овој начин Црвените ѓаволи значително ќе ги намалат трошоците за плати, при што само неделната плата на Каземиро изнесува околу 350.000 фунти.
Сепак, Манчестер јунајтед не е единствениот клуб заинтересиран за Андерсон. Британските медиуми најавуваат дека интерес за него има и од Манчестер сити, од каде што во него гледаат замена за Бернардо Силва.

