Манчестер јунајтед ќе „удри“ и по платите на фудбалерите

Сер Џим Ретклиф има намера да продолжи со политиката на намалување на трошоците, а овојпат тоа ќе ги погоди и фудбалерите на Манчестер јунајтед.

Според информациите на таблоидот „Сан“, британскиот милијардер ќе се обиде да преговара за нови договори на играчите од првиот тим и значително да ги намали нивните фиксни плати. Во замена клубот ќе им понуди на фудбалерите големи бонуси кои ќе зависат од резултатите на тимот.

Ретклиф, кој веќе отпушти околу 450 вработени во клубот, пред неколку дена призна дека „некои од играчите не се доволно добри“.

„Клубот преоѓа на договори кои се засновани на перформансите. Ова е веќе дискутирано со агентите. Ќе продолжиме да плаќаме конкурентни плати, но мораме да се осигуриме дека добиваме соодветна вредност за нашите пари. Мораме да управуваме со нашите сметки за плати“, изјавил извор близок до клубот за британските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести