Манчестер јунајтед конечно победи, Де Лихт со деби гол во дресот на „црвените ѓаволи“ (Видео)

После два порази од Брајтон и Ливерпул, Манчестер јунајтед конечно победи во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ ги освоија трите бода од гостувањето кај Саутемптон, откако победија со 0-3, но натпреварот можеше да има комплетно различен тек, доколку домашните во 33-тата минута го реализираа ударот од белата точка.

Матијс де Лихт со својот деби гол во дресот на Манчестер јунајтед ги донесе гостите во водство од 0-1 во 35-тата минута, а на 0-2 зголеми Маркус Рашфорд во 41-вата минута. Во второто полувреме Саутемптон остана и со играч помалку, откако 79-тата минута беше исклучен капитенот Џек Стефенс.

Точка на победата на Манчестер јунајтед стави Алехандро Гарначо во 96-тата минута, кога ги постави конечните 0-.3

- Оглас -

Најнови вести