6000 Палмеирас – Ал-Ахли (17.30 часот)
Овој меч е полуфинале на Светското клупско првенство. Првакот на Јужна Америка е фаворит против најдобриот тим во Африка, а средбата се игра во Абу Даби, што значи дека временските услови повеќе им одговараат на Египќаните, кои веќе одиграа еден меч, кога во четвртфиналето го изненадија мексикански Монтереј, кој е шампион на Северна и Средна Америка. Последниот пораз на Палмеирас беше во ноември. Бразилскиот тим има одлична прилика да му се реваншира на Ал-Ахли за ланскиот пораз на Светското клупско првенство, во меч кој беше одлучен на пенали.
Предлог тип: 1 & 0-3 (1.98)
1002 Њукасл – Евертон (20.45 часот)
Чавките и Карамелите се два тима кои можеби и најмногу се засилија во јануари, а разликата е во тоа што пред паузата, Њукасл беше во подобра форма од Евертон. Карамелите со новиот тренер Лампард тргнаа одлично, славеа убедливо во Купот. Евертон има само четири бода повеќе од Њукасл, но и еден меч помалку. Њукасл има серија од четири меча по ред со 0-2 гола, додека на мечевите на Евертон паѓаат повеќе погодоци. Уште од 2009 година не било нерешено на нивен меѓусебен дуел на „Сент Џејмс парк“, а во 2022 ниту Њукасл славел дома, ниту Евертон победил на гости.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.30)
1001 Вест хем – Ватфорд (20.45 часот)
Лондонските Чекани се борат за излез во Европа, додека на Ватфорд, кој го зеде „старецот“ Рој Хоџсон за тренер, целта му е опстанок во Премиер лигата. Вест хем е фаворит, но е во лоша форма. Во Премиер лигата, Вест хем има два порази по ред, а за малку ќе беше елиминиран и во ФА купот од нисколигашот Кидерминстер. Вест хем на 28 декември како гостин го победи Ватфорд со 4-1 и со тоа ја продолжи серијата од четири победи во меѓусебните дуели, во кои секогаш и Ватфорд дава еден гол.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.02)
1003 Барнли – Манчестер јунајтед (21.00 часот)
Манчестер јунајтед со победа би се зацврстил на четвртата позиција. Ѓаволите се ранети по киксот во Купот против Мидлсборо. Барнли е последен на табелата, но има два-три меча помалку од конкурентите. Барнли во 19 меча има само една победа, но и дури 10 ремија. Јунајтед на 30 декември дома го совлада Барнли со 3-1. Манчестер ги доби последните пет гостувања кај Барнли, сите победи беа со 1-0 или 2-0. Барнли дома уште од 2009 не дал гол против Манчестер јунајтед.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.40)
3031 Интер – Рома (21.00 часот)
Четвртфиналето на Купот на Италија се игра само во еден меч, па за Интер или Рома настапите завршуваат вечерва во Милано. Атмосферата во Интер е лоша по поразот од Милан во Серија А, а и во Рома беа незадоволни од викенд-ремито со Џенова од 0-0. Рома сезонава на гостински терен нема ниту еден нерешен резултат, а Интер на последните четири дуели со Волчицата секогаш постигнува барем два гола.
Предлог тип: ГГ (1.66)