Манчестер јунајтед доби рок до понеделник да достави документи со кои ќе ја убеди УЕФА дека има право за настап во Лигата на Европа во следната сезона. Буквално во последниот ден од сезоната, Манчестер јунајтед обезбеди место во второто по ранг натпреварување на УЕФА откако Црвените ѓаволи триумфираа во ФА купот. Во финалето, Манчестер јунајтед со 2:1 го победи градскиот ривал Сити.
Сепак, проблемот настана поради правилата на ФИФА и УЕФА, кои не дозволуваат повеќе од еден клуб во сопственост на ист газда да игра во исто натпреварување. Новите косопственици на 20-катниот англиски првак, „Инеос“, имаат 27,7 отсто од акциите на гигантот од „Олд Трафорд“, а планираат да инвестираат дополнителни 245 милиони фунти во инфраструктура на клубот, па сопственоста на акциите ќе надминат над 30 отсто.
Хемискиот гигант „Инеос“ веќе ја поседува екипата на Ница во Франција, која од претходно обезбеди место во Лигата на Европа. Во еден ваков случај, Ница и Манчестер јунајтед не смее да играат во исто натпреварување затоа што имаат ист газда.
Францускиот тим заврши на петтото место во првенството, додека Манчестер јунајтед беше дури осми на табелата во Премиер лигата, па во една таква ситуација Ница добива предност за играње во Лигата на Европа.
Доколу Манчестер јунајтед не успее да донесе документи кои ќе потврдат дека може да настапува во Лигата на Европа, англискиот гигант ќе биде префрлен во Конференциската лига на УЕФА.