Манчестер јунајтед може и да испадне од Премиер лигата!

Сем Алардајс е еден од најискусните тренери во Премиер лигата. Тој ги има водено клубовите на Евертон, Сандерленд, Кристал палас, Вест хем, Блекбурн, Њукасл, Болтон и бил сведок на секакви ситуации во англиското првенство. Прославениот тренер потенцираше дека оваа сезона може да биде „црна“ за Манчестер јунајтед. Тој дури најави дека можно е Црвените ѓаволи на крајот од сезоната да испаднат од Премиер лигата.

Манчестер го има најлошиот старт во последните 30 години и има порази од екипи како што се Кристал палас, Вест хем и Њукасл. Само со девет бода од 8 меча, моментно се на 12-тото место на табелата. Нешто слично на гигантот од „Олд Трафорд“ му се случило и во 1974 година, кога испаднал од елитната лига.

„Во таа 1974 година, Манчестер на хартија имаше многу силен состав, а испаднаа од лигата. Ако ја снема самодовербата во тимот, а продолжат повредите, Јунајтед може да ја доживее истата судбина како во 1974 година. Играчите најчесто не може да се справат со таквите ситуации. Кога иде добро, тогаш играчите „летаат“ по теренот, но кога не е добро, тие се губат, им снемува снага, мотив, енергија, самодоверба…“, вели Алардајс, кој додаде дека неефикасноста е главен проблем кај екипата која не се израдувала на титула во првенството уште од пензионирањето на Сер Алекс Фергусон.

Менаџерот на Манчестер, Оле Гунар Солскјер, засега ја има довербата од челниците на клубот, но прашање е дали ќе остане долго на клупата ако продолжат очајните резултати.

 

- Оглас -

Најнови вести