22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Манчестер јунајтед му го понудил Ериксен на клубот во којшто се стекна со светска слава

Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Кристијан Ериксен, е понуден на неговиот поранешен клуб Ајакс, објавија медиумите на Островот. Токму таму тој го направи пробивот на европската сцена, по што во 2013 година премина во Тотенхем.


Според информациите, од „Олд Трафорд“ бараат најмалку 5 милиони фунти за негов трансфер во Ајакс.

Данскиот репрезентативец има 32 години и договор со Манчестер јунајтед до крајот на сезоната. Тој остана неискористена резерва на првиот натпревар на тимот од новата сезона во Премиер лигата против Фулам (1:0), како и на натпреварот за „Комјунити шилд“ против Манчестер сити (7:8) на 10 август.

Во минатата сезона, Кристијан Ериксен учествуваше во 28 натпревари на Црвените ѓаволи во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести