30.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Манчестер Јунајтед му забрани на Гарначо да игра на Олимписките Игри

Фудбалскиот турнир на Олимписките Игри отсекогаш бил натпреварување од втор ред, иако голем број врвни фудбалери би сакале да учествуваат и да освојат олимпискиот медал.

Јасно е дека и на ЛОИ во Париз ќе ги нема најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, а еднa од најголемите требаше да биде Алехандро Гарначо, фудбалерот на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Аргентина.

Сепак, тој нема да ја претставува својата земја на тоа натпреварување.

Манчестер Јунајтед ја спушти рампата, па Гарначо доби забрана да игра на Олимписките Игри, бидејќи е многу важен за првиот тим на Манчестер Јунајтед за следната сезона. Доколку биде дел од олимпискиот тим на својата земја, тогаш Гарначо би го пропуштил почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести