Манчестер јунајтед на Барса ѝ нуди луда трампа, вклучен е и Хари Мегваер!

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, најавува дека летово ќе има голема чистка во тимот, а еден од фудбалерите од кои сака да се откаже е дефанзивецот Хари Мегваер кој е скапо платен, но прави големи киксеви.

Од друга страна, Тен Хаг инсистира Црвените ѓаволи да го засилат средниот ред со Френки Де Јонг од Барселона, играч кој најдобрите партии ги прикажуваше во дресот на Ајакс, кога тренер му беше токму Тен Хаг.

Според добро информирани извори, Јунајтед сака да го зеде Де Јонг на позајмица, и на Каталонците им нуди трампа, со која Мегваер би заиграл за Барса. Фановите на Манчестер со задоволство би прифатиле да не го гледаат Мегваер во својот тим, но дали во Барселона ќе бидат воодушевени со ваквата трампа?

- Оглас -

Најнови вести