Манчестер јунајтед на ѓаволски начин го елиминираше ПСЖ!

Манчестер јунајтед на неверојатен начин успеа да го елиминира ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите. Избраниците на Оле Гунар Солсјкер славеа со конечни 1-3 на „Паркот на принцовите“ откако гостите постигнаа трет гол во судиското продолжение, и тоа преку пенал, онолку колку што им беше потребно за пласман во следната фаза.

„Светците“ капитулираа иако имаа огромна предност по првиот дуел од 0-2, сепак Јунајтед во свој стил го направи невозможното, иако голема улога одигра и ВАР-технологијата во завршницата.

Иако десеткувани, гостите во Париз дојдоа по изненадување, а само по две минути игра, Лукаку постигнал гол со кој „ѓаволите“ во продолжението играа со многу самодоверба. ПСЖ возврати во 12-тата минута преку Бернат, меѓутоа Јунајтед и по израмнувањето не се предаде.

Точно по половина час игра, при еден обид на Рашфорд да се закани од далечина, Буфон лошо реагираше и ја испушти топката, која ја собра Лукаку и погоди за 1-2. Првото полувреме најави нови „пеколни“ 45 минути, но, за жал, во нив не се виде ниту еден гол.

Пресудна беше 91-вата минута. Далот шутираше од далеку и го погоди Кимпембе во лакотот од десната рака, а Французинот стоеше точно на линијата на шеснаесетникот. Судијата Скомина реагираше по сугестија од ВАР-собата, а по проверката досуди пенал во корист на Манчестер, кој го реализираше Рашфорд.

 

Вториот меч во којшто играат Порто и Ром, се продолжи уште за 30 минути откако во регуларните 90 резулатот гласеше 2-1 за домаќините. Со оглед на тоа дека и средбата во Рим заврши со идентичен резултат, новиот четвртфиналист од овој пар ќе се знае или по 120 минути, или во пенал-рулет.

За Порто голови постигнаа Соарес (26‘) и Марега (52‘), за Рома беше прецизен Де Роси во 37-та минута од пенал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести