Манчестер јунајтед на шопинг во Италија, Аталанта ќе го пушти фудбалерот за 50 милиони евра

Манчестер јунајтед игра катастрофана сезона во Премиер лигата, но сè може да се смени доколку дојдат до трофејот од Лигата на Европа, а со тоа ќе обезбедат и место во Лигата на шампионите за следната сезона.

Раководството на Црвените ѓаволи веќе е растрчано низ Европа во потрага по засилувања, а една од желбите е фудбалерот од средниот ред на Аталанта, Едерсон. Бразилецот би бил замена за Бруно Фернандеш, за кого сè почесто се шпекулира дека ќе направи трансфер во Ал-Хилал. Сепак, и доколку Португалецот остане на „Олд Трафорд“, раководството на клубот е одлучно во намерата да го купи Едерсон.

Тој има договор до 2027 година, па Аталанта е подготвена да го пушти за 50 милиони евра, колку што е и неговата моментална вредност на трансфер-пазарот.

- Оглас -

Најнови вести