Неколку фудбалери на Манчестер јунајтед се заразени со корона-вирусот, па неизвесно е дали Црвените ѓаволи ќе го играат мечот против Брентфорд закажан за во вторник, во Премиер лигата.
Манчестер во саботата со 1:0 победи на гости кај Норвич, а на денешното тестирање, неколку фудбалери биле позитивни на корона-вирусот.
Засега нема официјална потврда од клубот, но англиските медиуми веќе најавуваат дека можно е да има одложување на следниот меч на англискиот гигант.
Во Англија денеска веќе беше одложен еден дуел, тој на Брајтон против Тотенхем, затоа што неколкумина играчи на лондонскиот тим се заразени со опасниот вирус. Засега не се знае кога ќе се одигра овој меч кој требаше да се одигра денеска.