Манчестер јунајтед има намера да се врати на шампионските патеки, а за таа цел налето планира да го купи Хари Кејн за неверојатни 100 милиони евра. Според пишувањата на медиумите од Островот, токму репрезентативецот на Англија е најголема желба за фудбалер од нападот на тренерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг.
Хари Кејн и во минатото беше желба на Манчестер јунајтед, но можноста за таков трансфер сега е многу веројатна. Кејн има уште една година од договорот со Тотенхем и ова е убава можност тој да биде продаден пред да му истече договорот и бесплатно да си замине.
Во минатото и Манчестер сити беше заинтересиран за напаѓот на англиската репрезентација, но Тотенхем тогаш бараше неверојатни 160 милиони евра за него, а сега таа цена ќе биде многу пониска бидејќи извесно е дека Хари Кејн нема да го продолжи договорот со Тотенхем.