7.8 C
Skopje
вторник, 14 октомври 2025

Манчестер јунајтед не може да победи ни против екипи од долниот дел од табелата

Манчестер јунајтед одигра без голови на гостувањето против Кристал Палас во меч од петото коло на Премиер лигата. Кристал Палас е тим кој во новата сезона нема ниту една победа, но успеа да одигра нерешено против фаворитот.

Статистиката покажува дека Манчестер доминираше на теренот (71 отсто посед на топка), упати дури 16 шута кон голот на домаќините, но не успеа да постигне гол. Црвените ѓаволи веќе против ниту еден ривал не е сигурен дека може да очекува победа.

На последните осум натпревари на кои Манчестер играше против ривали кои се од долниот дел од табелата, има само две победи, четири реми и два порази. Единствените две победи се против Шефилд јунајтед (4:2) и против Саутемптон (3:0). Манчестер јунајтед има само седум бодови по пет меча и падна на 11 место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести