Манчестер јунајтед со 2:0 победи на гости кај Кристал палас и на тој начин остана во трка за место кое води во Лигата на шампиони преку Премиер лигата. Црвените ѓаволи се радуваа со головите на Маркус Рашфорд на крајот од првото полувреме и на Антони Марсијал во вториот дел.
Со оваа победа Манчестер стигна до 62 бода, колку што има и Лестер на четвртото место, додека Челзи со 63 бода е третопласиран. Во последните две кола во Премиер лигата ќе има голема битка за двете места кои водат во елитната Лига на УЕФА.