12.8 C
Skopje
петок, 17 октомври 2025

Манчестер јунајтед нека се пази, играчите на Ливерпул искреираа дури 13 голови за репрезентациите

Фудбалерите на Ливерпул имаа вкупно 13 голови и асистенции за своите национални тимови во оваа октомвриска репрезентативна пауза.

Коди Гакпо постигна три гола за Холандија против Малта и Финска, а имаше и една асистенција. Вирџил Ван Дајк исто така постигна гол против Финска.

Мохамед Салах постигна два гола за Египет против Џибути, Алексис Мекалистер постигна два гола за Аргентина против Порторико. Доминик Собослај приднесе со гол и асистенција за Унгарија против Португалија.

Уго Екитие асистираше за Франција против Азербејџан, додека Ендрју Робертсон асистираше за Шкотска против Белорусија.

В недела Црвените дома играат со најлутиот ривал Манчестер јунајтед и ако формата од репрезентативните мечеви ја пренесат и во Премиер лигата, нивните фанови ќе имаат причини за задоволство.

- Оглас -

Најнови вести