27.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Манчестер јунајтед некоректен кон Рашфорд, 10-ката му ја даде на Куња

Манчестер јунајтед објави дека летното засилување Матеус Куња е нов сопственик на дресот со број 10 на тимот.

„Бројот е многу популарен во неговиот роден Бразил и е поврзан со некои од најголемите играчи во земјата“, се вели во соопштението на клубот.

Досега напаѓачот Маркус Рашфорд го носеше дресот со број 10, а интересно е дека Рашфорд уште е член на Црвените ѓаволи. Со овој потег, јасно е дека за Рашфорд кој 20 години (по 10 години како младинец и сениор) е во гигантот од Манчестер, веќе нема иднина таму и летово ќе мора да си оди.

Рашфорд и минатата сезона не ја одигра цела во Јунајтед, втората половина ја мина како позајмен од Астин Вила.

- Оглас -

Најнови вести