Неверојатно е како Манчестер јунајтед загуби со 7:0 од Ливерпул во период во кој тимот на тренерот Ерик тен Хаг имаше одлична низа на победи и добри игри. Црвените ѓаволи се распаднаа на „Енфилд роуд“ во второто полувреме кога и примија шест погодоци за историскиот пораз.
Навивачите на Ливерпул се радуваат на најубедливата победа на нивниот миленик во дуелите со најголемиот ривал, а фановите на Манчестер јунајтед беа сведоци на израмнување на најтешкиот рекорд на еден меч во домашното првенство.
Во повеќе од едновековната традиција и натпреварување, Манчестер јунајтед пртходно само два пати губел со 7:0 и тоа било пред речиси 100 години. Во 1926 година Блекбурн со 7:0 го понижи Манчестер јунајтед, а четири години подоцна, односно во 1930 година, Астон вила со овој резултат беше подобар од гигантот од „олд Трафорд“. Сега во оваа листа се приклучи и Ливерпул со победа од 7:0.