Хари Мегваер повторно е на столбот на срамот, не само поради сосема непотребното исклучување на мечот со Ватфорд, туку и со постапката по дебаклот од 4:1 на Манчестер јунајтед, што доведе до нов голем потрес кај 20-кратниот шампион на Англија и отказ за Оле Гунар Солскјер.
По срамниот пораз од 4:1 во саботата, веќе следниот ден Мегваер бил на роденденска прослава на неговиот татко и се однесуваше како ништо да не се случило.
Вработените во „Беџу“ ресторанот во Шефилд објавија фотографии со капитенот на Манчестер јунајтед, на кои е видливо дека стоперот на Црвените ѓаволи воопшто не е загрижен, и тоа во истиот ден кога Оле Гунар Солскјер доби отказ, а тој самиот само неполн ден претходно доби црвен картон на мечот со Ватфорд.
Токму Оле Гунар Солскјер цврсто ја бранеше својата одлука Мегваер да биде капитен на Јунајтед, иако грото од навивачите на клубот беа против, а и голем дел од играчите на најтрофејната англиска екипа се чудеа на изборот на Норвежанецот.
Новиот чуден потег на стоперот на Манчестер јунајтед ги збесна симпатизерите на гигантот и реакциите се главно исклучително негативни по објавените фотографии од роденденската прослава на неговиот татко, на која присуствуваше Мегваер во „Беџу“ ресторанот во Шефилд.