Манчестер јунајтед од Хари Кејн ќе направи најскапо засилување во историјата?

Манчестер јунајтед е подготвен во претстојниот преоден рок да потроши многу пари за доведување на една англиска ѕвезда, а изборот им е Џејдон Санчо или Хари Кејн? И за младиот Санчо кој игра за Борусија Дортмунд, и за Кејн од Тотенхем, има неколку заинтересирани клубови, но Црвените ѓаволи веруваат дека ќе ги натераат да потпишат за нив бидејќи ќе понудат најмногу пари.

Кејн неодамна рече дека вратата за излез од Тотенхем му е подотворена, а од клубот порачаа дека би го продале само за огромна сума на пари. Парите ќе му бидат добредојдени на клубот после загубите од коронавирусот и трошоците кои ги имаат после изградбата на новиот стадион (треба да доплатат уште 700 милиони евра).

Тотенхем би го продал Кејн за 227 милиони евра, што би бил нов светски рекорд и пет повеќе од сумата за која Нејмар од Барселона се пресели во ПСЖ. За да има пари да го купи Кејн, Јунајтед ќе треба да ги продаде Погба, Санчес, Џонс, Лингард, Переира и Смолинг.

- Оглас -

Најнови вести