Манчестер јунајтед одби 20-милионска понуда за Хари Мегваер

Вест Хем понуди 20 милиони фунти за откупување на договорот на Хари Мегваер од Манчестер јунајтед, но Црвените ѓаволи ја одбиле оваа понуда за својот лански капитен.

Според англиските медиуми, иако менаџерот Ерик Тен Хаг не смета на Мегваер, клубот не сака да прифати понуда помала од 40 милиони фунти, што е двојно повеќе од понудата на Чеканите, а двојно помалку од цената која Јунајтед му ја плати на Лестер во 2019 година за дефанзивецот.

Ако Мегваер сепак до крајот на преодниот рок прејде во Вест Хем, и ја добива истата плата како во Манчестер, ќе биде убедливо најскапиот играч на Чеканите од Лондон. Договорот на Мегваер со Манчестер јунајтед е до јуни 2025.

- Оглас -

Најнови вести