Манчестер јунајтед одлучи – Рубен Аморим ќе го води тимот и следната сезона

Португалецот Рубен Аморим ќе продолжи да го води Манчестер јунајтед и во новата сезона.

Раководството на клубот му изрази поддршка за тренерот и покрај кошмарниот настап во текот на сезоната и поразот во финалето на Лигата на Европа. Црвените ѓаволи во следната сезона нема да играат во европските купови, што значи големи финансиски губитоци, а Аморим рече дека е подготвен да си замине доколку тоа е желба на навивачите и раководството. Тој исто така нагласи дека нема да ги промени своите ставови и ќе го практикува истиот фудбал како и досега.

Клубот го увери Аморим дека ќе сметаат на него во новата сезона. Португалецот ќе добие солидна поддршка на трансфер-пазарот за да може да состави тим според неговата визија.

Тој дојде среде сезона, тимот го составуваше неговиот претходник Ерик тен Хаг и затоа Аморим ќе добие шанса да остане следната сезона и покаже што може со играчи по негов вкус.

- Оглас -

Најнови вести