26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Манчестер јунајтед ова не го почувствувал уште од времето на Сер Алекс Фергусон

За првпат по пауза од осум години, Манчестер јунајтед може да се пофали дека е лидер во англиската Премиер лига откако минимално со 1:0 победи на гостувањето кај Барнли. Пол Погба во 71-вата минута го даде единствениот погодок, кој беше доволен за три бода на Црвените ѓаволи.

Со овој триумф, Манчестер јунајтед стигна до 36 бодови и е нов лидер во Премиер лигата. По 17 одиграни кола, гигантот од „Олд Трафорд“ има три бода повеќе од актуелниот лидер Ливерпул, додека Лестер е на третото место со 32 бода. Последен пат Манчестер јунајтед бил лидер во Премиер лигата во јануари пред осум години, и тоа уште во времето кога тренер беше легедарниот Сер Алекс Фергусон.

Со Фергусон на чело, Црвените ѓаволи таа сезона и последен пат станаа шампиони на Англија. По заминувањето на Ферги, Манчестер по Нова година никогаш не успеа да биде лидер, сè до вечерва.

Веќе во следното коло, на 17 јануари, Манчестер јунајтед ќе гостува кај Ливерпул во дербито на двата најтрофејни клуба во Англија, а во моментов и клубови кои се на првите две позиции на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести