Манчестер јунајтед победи на добро познат начин – гол од пенал на Бруно Фернандеш

Манчестер јунајтед даде еден гол и тој од пенал, но тоа беше доволно за победа и три бода во дуелот против Вест Бромвич Албион. Бруно Фернандеш веќе се специјализира во реализатор од белата точка, а овојпат тоа беше доволно за радост на домаќините.

Поругалскиот интернационалец погоди во 56 минута и тоа од втор обид. Првиот шут го одбрани голманот на гостите, но бидејќи не стоеше на гол линијата, мораше ударот да се повтори. Од вториот обид, Фернандеш не згреши и донесе радост за Манчестер јунајтед.

Откако е дојден во англискиот тим, Фернандеш даде 14 погодоци од кои дури седум му се од пенал.

- Оглас -

Најнови вести