Манчестер јунајтед подготвен да го врати Карлос Тевес

Манчестер јунајтед дефинитивно има проблеми со реализацијата, а тоа се покажа и на синоќешниот меч, кога на домашен терен загуби од Барнли со 0:2. Првиот напаѓач на Црвените ѓаволи, Маркус Рашфорд, е повреден и ќе паузира уште шест недели.

За да не се почувствува отсуството на Рашфорд, можно е англискиот гигант да најде замена за англискиот репрезентативец. Италијанскиот „Тутоспорт“ шпекулира дека е можно на „Олд Трафорд“ да се врати Карлос Тевес. Аргентинецот моментно е член на Бока јуниорс, но според најавите, веќе не е потребен таму и можно е последните шест месеци од договорот да ги помине како позајмен играч во Манчестер јунајтед.

Тевес играше за Јунајтед од 2007 до 2009 година, а потоа направи трансфер во градскиот ривал Сити и го доби прекарот Предавник. Во дресот на Манчестер, Тевес постигна 34 погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести