Манчестер јунајтед потврди два нови потписи

Манчестер јунајтед го официјализира ангажманот на ветеранот меѓу диреците, Том Хитон. Повремениот англиски репрезентативец се врати во матичниот клуб по 11 години пауза како слободен играч откако потпиша двегодишен договор со опција да се продолжи до јуни 2024 година.

Хитон потекнува од школата на Црвените ѓаволи, но во периодот од 2005 до 2010 година редовно одеше на позајмици во пониските лиги на Англија без притоа да дебитира за сениорскиот тим, кој тогаш го водеше Сер Алекс Фергусон.

Настапуваше уште за Кардиф, Бристол, Барнли и ланската сезона во Астон вила, пред да му истече соработката на 35-годишниот голман.

Управата на Јунајтед во меѓувреме ја потврди и обновата на соработката со Хуан Мата, кој на „Олд Трафорд“ ќе остане уште една година.

- Оглас -

Најнови вести