Манчестер Јунајтед повлече потег, Кејн е се поблиску до “Сантијаго Бернабе“

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, во овој трансфер-период е цел на два европски великани, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Договорот на фудбалерот и клубот од Лондон истекува следното лето, па Тотенхем по секоја цена сака да заработи од неговиот трансфер.

Манчестер Јунајтед денес и официјално се откажа од трансферот на репрезентативецот на Англија и се насочува кон фудбалерот на Аталанта, Расмус Хојунд.

Тоа го отвора патот за Реал Мадрид конечно да го донесе Хари Кејн на “Сантијаго Бернабе“, во кого гледаат замена за Карим Бензема.

- Оглас -

Најнови вести