Манчестер јунајтед пред потпис и со Мануел Угарте

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед е на чекор до ангажман и на Мануел Угарте од Пари Сен Жермен. Уругвајскиот репрезентативец веќе се согласил да се пресели на „Олд Трафорд“, при што тој и клубот се договориле за условите на неговиот личен договор.

Сега раководството на Црвените ѓаволи треба да постигне договор и со Пари Сен Жермен за трансферната сума.

Дефанзивниот играч за врска пристигна во Париз само пред една година од Спортинг Лисабон за сума од 60 милиони евра. Тој учествуваше во 37 натпревари на ПСЖ минатата сезона и постигна три гола.

Вчера Манчестер јунајтед го објави и трансферот на стоперот на Лил, Лени Јоро.

 

- Оглас -

Најнови вести