Манчестер против Евертон ќе постави еден рекорд кој го создава веќе 82 години

Манчестер јунајтед на следниот меч против Евертон треба да постави еден неверојатен рекорд. Црвените ѓаволи треба да го одиграа 4.000 меч во низа на кој на теренот ќе има играч од школата на овој англиски гигант.

Оваа неверојатна серија е започната уште на 30 октомври 1937 година, која на теренот се појавија Томи Манли и Џеки Волсол кои беа „деца од школата“ на Манчестер јунајтед. Од тој момент до сега, поминаа 3.999 меча во кои постојано имало барем еден играч од школата на Манчестер.

Кулминацијата на школата е во времето на Мет Бизби, кога во 1958 година загинаа повеќе играчи од школата на клубот, но потоа повторно се најдоа млади и талентирани фудбалери кои го задржаа духот на Манчестер. Во 90-тите години на минатиот викенд, Сер Алекс Фергусон ги промовираше Дејвид Бекам, Рајан Гигс, Пол Сколс, Гер Невил, Фил Невил и Ники Бат како деца од школата на Манчестер и токму тие беа „срцето“ на екипата која постигна историски резултати.

Дека и сега Манчестер се држи на „крилјата“ на своите фудбалери се покажа и на последното дерби против Манчестер сити. На теренот имаше седум фудбалери кои тргнале како деца од школата на Манчестер.

 

- Оглас -

Најнови вести