28.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Манчестер јунајтед размислува да го врати Давид Де Геа

Шпанскиот голман Давид Де Геа би можел да се врати во Манчестер јунајтед, најавуваат англиски медиуми.

Според „Сан“, англискиот гигант ја разгледува можноста за враќање на 34-годишниот голман. Во договорот на Де Хеа со Фиорентина постои клаузула што би му дозволила да се врати во Јунајтед за релативно мала сума.

Шпанецот бранеше за Црвените ѓаволи од 2011 до 2023 година. Во тој период, Давид настапи на 545 натпревари, а на 190 од нив не прими гол.

Идејата на Јунајтед за повторно обединување со Де Хеа дошла откако Шпанецот импресионираше за Виолетовите за време на пријателскиот натпревар на „Олд Трафорд“ кој заврши нерешено 1-1.

Откако се врати на „Олд Трафорд“, Де Хеа објави на социјалните мрежи:

„Магичен момент за мене и моето семејство да се вратиме на Олд Трафорд – мојот дом. Сакам да ви се заблагодарам од дното на срцето за добредојдето и целата љубов што ми ја покажавте и на сите навивачи кои секогаш беа со мене во текот на моите години во овој клуб. Нашите патишта можеби повторно ќе се вкрстат“.

- Оглас -

Најнови вести